КОММАК КОМЕРЦ е една од најстарите и најпрестижните такси компании во Скопје. Нашиот возен парк има повеќе од 100-тина возила, препознатливи по бело-зелената боја и компаниското лого на предните врати.

Нашите такси возачи се искусни професионалци и имаат многу позитивен и услужен пристап кон клиентите. Ако сте странец во Скопје, слободно распрашајте се кај нашите таксисти за препораки во врска со сместување, јадење, културни настани, познати места или ноќниот живот - Всушност, никој не го знае тоа подобро од оние кои живеат со пулсот на Скопје!